Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ се пофали со чизми и чанти од познат бренд за кои искешира неколку илјади евра.
Пејачката води грижа за својот изглед и ги следи најновите трендови, често бира елегантни и едноставни стајлинзи, а за брендирани модни парчиња не жали да дава пари.
Цеца на својот „Инстаграм“ се пофали со бордо чанта и чизми во иста боја.
Имено, станува збор за моделот на „Шанел“, а чија цена од година во година стануваат поскапи.
Како што пишува на официјалната страна на брендот, цената на чантата која ја има и фолк пејачката изнесува 7 762 евра.
Нема сомнеж дека пејачката со чизмите и чанта ќе блесне на едно од следните изданија на „Ѕвезидите на Гранд“.
За потсетување, Цеца неодамна се пофали со обувки на еден познат бренд чија цена изнесува 1 100 евра.
фото: ата имагес