Радио Милева за душа и фановите или преквалификација?

Aнтониа и Мартија разочарани во љубовта или… „пинковите ѕвездички“ отидоа во „Гранд“? (ФОТО+ВИДЕО)

Aнтониа и Мартија разочарани во љубовта или… „пинковите ѕвездички“ отидоа во „Гранд“? (ФОТО+ВИДЕО)

Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ се веројатно двете најпознати и најпопуларни млади пејачки имиња кои последниве 5-6 години се појавија на македонската естрада, а својот талент го оправдаа и со песните и со својата појава и она во што полека се развиваат: Во вистински убавици и зрели пејачки, кои се на добар пат  „да им го украдат шоуто“ на нивните посикусни македонски колешки!

Така барем изгледа(ше), па така и неодамна пишувавме дека двете млади „ѕвездички“ се на најдобар пат да блеснат во полн сјај и на оние повозрасните да им го превземат тронот.

И навистина, обете исфрлија нови песни, видеоспотови, почнаа да се’ повеќе да се етаблираат и кај својата публика и на социјалните мрежи, арно ама… Еден потег на двете млади пејачки кои како договорени во ист момент на своите Инстаграм профили споделија нешто што ја става во недоумица јавноста и и дава чуден тек на целата приказна?!

Имено и Антониа и Мартија во ист ден споделија фотографии и видеа на кои ги покажуваат  своите вокални квалитети, ама не со сопствените или странски песни од нивниот или сличен жанр, туку со српски фолк. До душа, на еднат ас или можеби на двете  не им е прв пат, ама чудно е тоа што овој пат и на обете некако им се поклопија вкусот и потребата на овој начин вокално и емотивно да се изразат, па оттаму и прашањето: Зошто?

Антониа Гиговска најпрвин ја смени бојата на косата, па по теркот на новиот тренд во српскиот турбофол, сега е „огненена црвенокоса“… Ала една Теодора Џехверовиќ, на пример.

А тоа што после полноќ се снимала како ја пее познатата тема „Ноќас ми срце пати“ од легендарната Силвана Арменулиќ, песна користена и во филмот за Тома Здравковиќ. Дали можеби токму под импресии од филмот, или скраја да е, можеби разочарана во љубовта песната ја погодила, па во 15 минути по полноќ решила да ја испее и сними видео?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Приказната речиси идентична и на другата страна, кај нејзината колешка Мартија Станојковиќ. Ситуацијата иста, само песната различна: „Сачувај тајну“ оригинално испеана  од Душко Костиќ, песната која ја пее и плаче на неа и половина српска естрада, од Милица Тодоровиќ до Александра Пријовиќ, зашто истата во себе крие голема трагедија.

Мартија како и Антониа, полна со емоции осамена длабоко во ноќта ја пее снимајќи се за на својот Инстаграм профил. Чудна коинциденција кај двете млади македонски поп пејачки и прашањето зошто посегнаа по српскиот фолк полн со тажни стихови?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARTIJA (@martijastanojkovic)


Љубовни јадови и маки, па низ песна само сакале да си ја олеснат душата или можеби некогашните „пинкови ѕвездички“ решиле да се преквалификуваат? Дали тоа Антониа и Мартија го менуваат жанрот, па некогашните девојчиња од „Пинк“  отидоа во „Гранд“? Или ништо од сето тоа, туку само случајно им се поклопија термините додека исполнуваа желби на своите Инстаграм следбеници?

Фото: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa/martijastanojkovic

 

To top