Современа балетска претстава од Белград „Гранд хотел“ во продукција на „Мадленианум“ опера и театар, гостува во Скопје на 21 ноември (недела) со почеток во 20 часот во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“.
Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж Драушник, додека асистент сценограф е Рања Жиропаџа. Играат Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ.
Билетите за претставата се во продажба на karti.com.mk, а ќе може да се купат и пред почетокот на претставата на благајната на Националната опера и балет.
Претставата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.