Бугарската пејачка со турско потекло Есил Дјуран се сликаше гола и боса, звиткана во предиво, исплетено во крупна плетка, во форма на рибина коска.
Згодната пејачка веќе некое време шие облека, па дури и ја покажа сопствената колекција, а за оваа зима ќе ги изненади пријателите со нова колекција, од целосно волнен тренд.
„Сакам да ги изненадувам луѓето што ги сакам со подароци целосно сошиени од мене. Ако голотијата не се сфати како непријатност, тогаш нема проблеми. А зимата што доаѓа не е проблем… Затоа што сум топла и меко прегрната…“ – порача пејачката и додаде:
„Модата е мојата втора љубов и професија… Првата е позната – имам нова песна“, изјави убавата Есил, за „Бугарија денес“ промовирајќи ја новата дует песна со колегата Фики, насловена: „Такви сме, какви што сме“.
Фото: Инстаграм принтскрин/esilduran