Пејачката Ана Бекута во последните неколку дена поминува низ семејна драма бидејќи нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка се бори за животот на кардиоваскуларната клиника во Белград.
Ана последен пат се појави во јавноста на роденденот на Предраг и Ана Рајковиќ кои славија прв роденден на синот, а потоа се одлучила да ги откаже сите обврски и најголемиот дел од времето да го поминува во нејзиниот дом.
Пејачката често разговара со докторите од болницата кои ја известуваат за здравјето на нејзиниот партнер со кој е речиси 9 години во врска.
Пријателите и колеги секојдневно и се јавуваат на Бекута да и пружат поддршка во овие тешки моменти, но пејачката цело време плаче и се моли Мрка да помине низ овој период, пишуваат српските медиуми.
Пејачката во последните неколку дена не може да го посети Мрка во болница. Таа не излегува од станот, а за неа најмногу се грижат внуците Соња и Бранко, како и синот Игор Полиќ.
фото: ата имагес