Радио Милева потсетник

Тијана Дапчевиќ, Милена Антовска, Цеце Тодосовска, Александра Илиевска бремени: „Времето кога имаш сушество во стомакот“

Тијана Дапчевиќ, Милена Антовска, Цеце Тодосовска, Александра Илиевска бремени: „Времето кога имаш сушество во стомакот“

Социјалните мрежи станаа алатка преку која може да дознаеме кој каде е, што прави, што има ново, што е во тренд, да добиеме информации за она што не интеренсира или пак да се навратиме на некои моменти, сеќавања кои сме ги зачувале во архива на онлајн платформите.

Инстаграм е една од најактуелните алатки за објавување на фотографии, а постојано се надградува, има нови додатоци или нови опции.

Така, една од нив е да „напишете потсетник“, односно да објавите фотографии од некој период на кој сакате да се потсетите.

Ваквата опција ја пробаа и неколку македонски познати дами кои направија потсетник од времето кога беа бремени, па позираа со трудничко стомаче,  а во описот напишаа: „Времето кога имав сушество во стомакот“.

Цеце Тодосовска

Водителката које е позната по Утринска на Телма, Цеце оваа година за првпат се реализираше во улогата на мајка. Имено, таа и нејзиниот сопруг добија син за кој го одбраа името Бодан.

Цеце сега се потсети на периодот кога беше бремена и позираше со разголено трудничко стомаче.

Александра Илиевска

Некогашната водителка на „Брза кујна“, а сега водителка на Утринска на Канал 5, Александра Илиевска на почетокот на годината ја доби ќеркичката Сара.

Илиевски се приклучи кон потсетникот кога беше бремена со наследничката, па објави фотографија од трудничкото стомаче.

Милена Антовска

Водителката Милена АНтовска е бремена по вторпат и во јануари следната година ќе стане мајка повторно на девојче.

Милена и нејзиниот сопруг Гордан веќе ја имаат ќеркичката Лана Марија.

Водителката во кусите приказни на Инстаграм објави фотографија кога беше бремена со ќеркичката.

Инаку, таа се повлече од ТВ екраните за да ужива во својата бременост.

Тијана Дапчевиќ

И македонската пејачка, актерка, водителка, Тијана Дапчевиќ се приклучи кон овој потсетник, па објави фотографија која беше бремена со синот Вук.

Имено, таа се потсети на тој период, па објави фотографија на која позира гола со трудничкото стомаче, а градите ги покри со рака.

Ќе се согласите дека нашите познати дами биле секси трудници.

фото: инстаграм/цецетодосовска/милена антовска/александра илиевска пановска/ тијана дапчевиќ

To top