Радио Милева евтина, а скапа

Хрватската пејачка никогаш посекси: Нина Бадриќ во црвен фустан од 1500 денари изгледа како милион долари (фото)

Хрватската пејачка никогаш посекси: Нина Бадриќ во црвен фустан од 1500 денари изгледа како милион долари (фото)

Нина Бадриќ важи за една од најатрактивните пејачки која својата кариера ја градеше само на добри песни и хитови.

Пејачката многу ретко, речиси па никогаш знае да се појави во провокативно издание, а кога тоа го прави го прави со стил и со одредена доза на провокација.

Овој пат, Нина ги воодушеви фановите во фустан од 1500 денари, а многумина коментираат дека изгледа како милион долари.

Имено, пејачката позираше на кревет пред огледал, а на себе носи црвен фустан кој одлично и стои на нејзината фигура.

Многумина ја прашаа Нина за убавиот фустан, а таа откри колку го платила

-На барање на публиката, кои ме прашавате во порака колку чини фустанот….Тој чини околу 200 куни или 1550 денари, напиша Нина.

Нејзините следбеници под објавата и оставија позитивни коментари порачувајќи дека во тој фустан изгледа како милион долари.

фото: Инстаграм/нина бадриќ

 

To top