Радио Милева наскоро ќе стане мајка

Маја Беровиќ го откри полот на бебето (фото)

Маја Беровиќ го откри полот на бебето (фото)

Пејачката Маја Беровиќ е бремена, а сега откри детали за бременоста и полот на бебето.

-Се е исто, само малку повеќе се чувам, не излегувам никаде поради вирусот, внимавам што јадам, се што е океј. Пред малку шминкерот ми кажа: Мислев дека ќе биде нервозна, а мене хормонот на среќа ми е на највисоко ниво“, вели Маја.

Пејачката откри зошто толку време чекала да стане мајка.

-Градев кариера, да станев мајка нема да можев да постигнам тоа што го постигнав. Јас го исполнив тоа што сакав да го исполнам. Пред неколку дена ја објавивме снимката од концертот во Арена. Сега ми се разбуди желба да имам нешто дел од себе, нешто што не треба да се форсира, туку да се почека вистинскиот момент“, изјави Маја.

Маја и нејзиниот сопруг очекуваат момче.

-Шести месец, наскоро седми, ги броиме деновите. Мене секогаш ми беше драго кога ќе слушнам дека некој е бремен. Тоа не може да бидат поубави вести. Мојот сопруг и јас сме 16 години заедно, вели Беровиќ.

-Од крајот на месец мај сум во блажена состојба. Знам и кога се случи. Се случи во Дубаи, па така бебето ќе вика Хабиби (се смее). Се шегувам, но момче е, важно ни е да има светско име бидејќи бебето ќе оди во училиште во Австрија’, изјави Маја.

фото: Принтскрин/јутуб/амиџи шоу

To top