Водителката Лила Филиповска знае како да ужива во од се по нешто. Ако е на снимање ужива во снимањата во студиото и на снимањата на квизот „Се или нешто“.
Надвор од секојдневените обврски Лила ужива во патувања, па секогаш кога има време оди на некоја егзотична дестинација.
Така изминатиот период, водителката одлучи да ги наполни батериите надвор од Македонија и замина на патување во Дубаи.
Таа редовно на социјалните мрежи објавуваше фотогорафии и ги известуваа нејзините следбеници како си поминува, кои места ги посетила…
Најмногу внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои водителката позираше на плажа во потоплите краеви.
Иако се врати од Дубаи, Лила се уште ги сумира впечатоците од нејзиното патување.
Овој пат, водителката повторно објави фотографија на која позира во сино бикини истакнувајќи ги своите облини.
-Никој нема право да ме учи како да бидам среќна“, напиша водителката.
Тука и е фотографија од пред највисоката зграда на светот Бурџ Калифа
-Оној момент кога ќе се најдеш помеѓу најголемите распеани фонтани на светот со директен поглед на највисоката зграда на светот Бурџ Калифа е моментот кога само треба да се препуштиш и уживаш во минутите кои следуваат ❤️ уживање, возбуда, радост се најчестите чувства кои прават вистински емотивен ролекостер…Дубаи град на чудата
Лила одговараше и на прашања на нејзините следбеници поврзани со патувањето во Дубаи и кои се условите да се оди таму.
Имено, како што истакна доколку сакате да одите во Дубаи, иако сте вакцинирани, треба да имате и негативен ПЦР тест и на слетување на аеродром повторно ви прават тест.
На прашањето дали сака да живее таму, водителката одговори:
-Под услов да имам работа која ќе сакам и добро друштво.
Со кој си појдена, праша некој од следбениците?, а Лила се пошегува објавувајќи фотографија со статуетка од Дејвид Бекам.
Како е во Дубаи?
-Топло, чисто, средено, грандизозно…како да светот се преселил во Дубаи. Има се што ќе посакаш, убаво време, супер плажи, шопинг, уникатни градби, пријатни луѓе и спомени за цел живот.
Кој знае да ужива знае да ужива, а Лила дефинитивно е една од нив.
фото: принтскрин/инстаграм/лила филиповска