Македонската ТВ водителка и во последно време мошне активна и експонирана инфлуенсерка Миа Костова, со своите споделени постови, речиси секојдневно ги коментира негативните појави во општеството на социјалните мрежи. Или подобро речено, општествените будалаштини со кои сите ние се соочуваме во секојдневието.
„Остра на јазик“, поточно „без влакна на јазикот“ Миа нема проблем проблемот која ја мачи и неа и поголем дел од јавноста, да им го плесне в лице на оние кои го создаваат или треба да го решаваат. Најчесто, на оние од власта… Без оглед дали е во прашање, мито, корупција, негрижа, неспособност, непотизам, индолентност, полтронство… Или сето тоа заедно собрано на купче, што најчесто и ја прелива чашата.
Но, ако досега само револтирано ги коментираше, сега Миа очигледно одлучила да сврти нова страница, па наместо да ги коментира, решила отворено да ги исмева состојбите, за почеток во здравството!
И тоа на хумористичен начин, во кој многу нешта се поклопуваат со реалноста. Секоја сличност е случајна, ама со намера… Исмевајќи ја реалноста да ве насмее и потсети на суровата вистина на неподносливата леснотија на тешкото живеење.
До душа водителката во старт се оградила дека нема ниту намера ниту за цел да ги деградира здравствените работници. И нема политичка конотација, иако вистината за државното здравство не е нималку розова. Сите ликови и имиња во видеото се измислени, а чиста слуајност е секое препознавање и идентификација со нив.
А, Вие погледнете го видеото и самите проценете дали вака би изгледало кога Миа Костова би била главна сестра или на хумористичен начин реално го преслика здравствениот систем на Филипче?
П.С. Секоја „случајност“ е „слична“… А, можеби и комплетно идентична… Ако не и бетер!