Радио Милева ријалити или ринг?

Нова женска тепачка во „Задруга“: Миљана и Тара Симов крвнички разменија тупаници, клоци, корнење коси… (ВИДЕО 18+)

Нова женска тепачка во „Задруга“: Миљана и Тара Симов крвнички разменија тупаници, клоци, корнење коси… (ВИДЕО 18+)

Миљана Кулиќ и Тара Симов имаа нова жестока пресметка во реалното шоу „Задруга 5“.

Имено, се шпекулира дека и двете „задругарки“ мешале алкохол и седативи, па затоа и не можеле да се контролираат. Кулиќ ја испровоцира Тара со тоа што и пријде и ја испрска со шише вода, а оваа падна на провокациите, па и возврати со тоа што веднаш и се нафрли со тупаници.

Нивниот конфликт продолжи кога Миљана доби  неколку клоци во стомакот од Тара, која и оваа сезона очигледно успеа насилно „да ја оќелави“, откако Миљана и откорна неколку прамени коса.

Водителката Душица Јаковљевиќ ја извести јавноста дека продукцијата одлучила Тара и Миљана да бидат казнети.

„И дваете задругарки се казнети за тоа што се случи. Значи и Миљана и Тара се санкционирани за овој инцидент“ – изјави Душица во име на продукцијата во најгледалното регионално реално шоу „Задруга“, поточно во неговото   „Задруга – специјал“ издание.

Како изгледаше женската тепачка помеѓу двете ријалити учеснички, погледнете во продолжение:

To top