По спектакуларното музичко шоу кое го приреди во Лас Вегас, Џенифер Лопез на забавата потоа на црвениот килим се појави во креација на Мелина Џиновиќ, сопругата на Харис Џиновиќ.
Познато е дека Џеј Ло е голем љубител на нејзините креации, со оглед на тоа дека ги носеше на неколку случувања.
Меѓутоа овој пат светски познатата пејачка и актерка, побара дури 13 модели специјално изработени фустани.
Познатата дизајнерка со фотографија од Лопез се пофали на социјалните мрежи и се заблагодари за довербата.
Мелина уште еднаш покажа дека цврсто стои на модната сцена, а освен Џенифер, нејзини креации носат и Шерон Стоун, Софија Вергара, Мараја Кери и други…
фото:промо