Радио Милева излог на перверзии

Се одржа „Задруговизија“: Ријалити учесниците на сцената како на саем на еротика (ФОТО+ВИДЕО)

Се одржа „Задруговизија“: Ријалити учесниците на сцената како на саем на еротика (ФОТО+ВИДЕО)

Се одржа втората спектакуларна „ Задруговизија“ со тема:  „Животот е маскенбал“. Учесниците на најгледаното ријалити дадоа се од себе да се подготват што е можно подобро и нивниот настап да биде што повпечатлив. Задругарките никогаш не биле поатрактивни, попровокативни и попредизвикувачки и тоа во костими на кои никој не можеше да остане рамнодушен.

 

Ирма Сејраниќ настапи со Ѓоле Краљ, иако доби критики од стручното жири што им го сврте грбот, на публиката тоа веројатно не и пречеше. Серјаниќ носеше црно боди и мрежести чорапи, па нејзината задница ги привлече погледите на сите во студиото. Сепак, она што не беше забележано на екранот е дека оваа нивна колешка има модринки на нозете и задникот, како и баеги целулит.


Големо внимание привлече и настапот на Сандра Чаприќ, Анѓела Ѓуричиќ и Магдалена Милинчиќ. Трите настапија со хит на групата Hurricane, а стајлинзите одлично им се вклопија. Тие носеа кратки, црвени здолништа, под кои покажаа повеќе отколку што треба, иако самите така сакаа.

Викторија Митровиќ е позната по својот провокативен еротски танц кој го изведува секоја забава. На „Задруговизија“ настапи со Тара Симов и МЦ Алекс, а како Ирма се одлучи за црно боди и мрежести чорапи.

Маријана Зоњиќ и Милана Шарац настапија заедно со Лепи Миќа, а се обидоа и стајлингот да го вклопат една со друга. Тие се одлучија и за црни бодиа, а освен виткото тело, внимание привлече и трансформацијата на Мима. Имено, таа ја покри кратката кафена коса со долга, руса перика и беше непрепознатлива за сите.

Миљана Кулиќ, Дениз Дејм и Јањуш беа исто така запазени, особено словенечката старлета која беше облечена во еротска долна облека, додека Миљана во црвен свилен пењоар.

Двете буквално го јавнаа седнувајќи му в скут на Јањош, а сите заедно  изведуваа парафразирана верзија на познатата песна на лепа Брена и „Слатки грех“, „Еј Шеки, Шеки“.

Се на се’, “Задруговизија“ покажа многу уметнички антиталент, а многу перверзија, зашто ријалити учесниците на сцената изгледаа и се однесуваа како за на саем на еротика!

To top