Пејачката Милица Павловиќ неодамна се појави во филмот „Пејачка“ (Певачица) во кој имаше главната улога, но имала и понуда за филмот „Тома“, но Драган Бјелогрлиќ се откажал од таа идеја.
На Милица и била понудена улогата на Лепа Лукиќ, но на крајот режисерот се предомислил и не и ја дал улогата на пејачката.
-Бев на состанок, но на крајот Бјела се откажа од идејата пејачка да се појави во филмот. Инаку, ми беше понудена улогата на Лепа Лукиќ“, вели Милица.
Младата пејачка е горда на својата прва улога како актерка, но кога ја поканиле на кастинг за „Пејачка“, таа мислила дека е шега.
=Кога ми се јавија, мислев дека некој се шегува, па ми се јави Вук Костиќ и се ми објасни“, изјави Павловиќ во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.
фото: Milena Đorđević, ATA images/instagram/senoritamilica