Радио Милева тајна врска

Виктор Живојиновиќ има нова девојка: Ова позната пејачка е потенцијална снаа на Лепа Брена?

Виктор Живојиновиќ има нова девојка: Ова позната пејачка е потенцијална снаа на Лепа Брена?

Виктор Живојиновиќ и Сандра Миљковиќ наводно ставиле крај на нивната врска која траеше околу две години.

Меѓутоа, како што пишуваат медиумите, синот на Лепа Брена е заинтеренсиран за пејачка со која неодамна бил во провод.

Како што пишува „Стар“, новата девојка на Виктор е Лена Чолак која наводно му фрлила око на младиот Живојиновиќ.

-Виктор и Лена се познаваат веќе некое време бидејќи таа беше ангажирана да пее на приватните забави кај Живојиновиќ. Уште тогаш му фрли око на Виктор, но ништо не се случи меѓу нив. Сега кога раскина со Сандра реши да ги освојува младите пејачки. На Виктор и се допаѓа колку Лена е амбициозна и спонатана, посебно му е мило што кариерата не ја гради на скандали. Тој не се надеваше дека таа ќе се појави на тој настан, па кога ја виде беше пресреќен“, вели извор.

Како што се зборува, Виктор и Лена се во тајна врска и тој не планира да и каже на неговата мајка затоа што Брена сака тој да се смири со Сандра.

-Тој веднаш презема акција, а ни таа не се противеше. Наздравуваа цела вечер, се смееаја, по настанот заедно со друштвото заминаа во провод. Колку знам дека тие се во тајна врска бидејќи Виктор не сака да каже и каже на Брена дека се гледа со пејачка“, заклучи изворот.

По овој повод, се уште не се огласија Виктор и Лена.

фото:Boško Karanović/инстаграм/лена чолак

Поврзани теми

To top