Парис Хилтон и Картер Реум се венчаа на имотот на нејзиниот дедо во кругот на пријателите и семејството.
40 годишната старлета радосните вести ги сподели на својот „Инстаграм“ каде што објави фотографија и покажа како изгледа во венчаница.
„Моето засекогаш почнува на 11/11“, напиша Парис Хилтон во описот на фотографијата. Венчаницата на Парис Хилтон е креација на Оскар де ла Рент.
Во јули оваа година, Парис и Картер објавија дека го чекаат своето прво дете, а неколку месеци подоцна објавија дека се верени.
-Кога ќе ја пронајдете својата родна душа, не само да знаете – го чувствувате тоа. Мојата љубов и јас сме заедно од нашиот прв состанок, за мојот роденден договори посебно патување во тропскиот рај. Додека шетаме на вечера, Картер ме однесе до место со украсно цвеќе и клекна на едно колено. Кажав „да“, да за секогаш. Нема друг со кој би сакала да ја поминам вечноста“, напиша тогаш Парис.
Богата наследничка неодамна откри таа и Картер започнале процес на инвитро за да го добијат своето дете.
Парот е во врска од 2019 година, а пред тоа 15 години беа пријатели.
фото: профимедиа