Нада Топчагиќ и Маринко Роквиќ со години беа пријатели и колеги, но поради едно недоразбирање се скараа и не разговараа.
Откако Нада дознала дека Маринко е болен сакала да го посети својот колега и да го решат конфликтот од младоста, но тоа не се случи бидејќи пејачот ја изгуби битката со болеста и почина.
Пејачот вчера (11.11.2021) беше испратен во неговиот вечен дом, а на погребот се појавија познати личности меѓу кои и Нада.
Пејачката неутешна барала прочка од својот колега.
-Прости ми мој Маринко, било се што успеала да каже пејачката.
Нада и Маринко не разговараа поради кавга која настана околу бакшишот кога Нада пееше на роденденот на внукот на Роквиќ.
Пејачката сакала да ги реши недоразбирањата, но било предоцна.
-Жал ми е што не се слушнав со него, се слушнав со Никола и Славица, со сопругата на Маринко, но не сакав него да го вознемирувам. Мислев дека ќе има време, но не знаев дека е толку сериозно. Не ни знам од што беше болен, семејството не сакаше да зборува за тоа. Само пред 10 дена ми кажаа дека е лошо и болеста е сериозна, а Маринко во тешка состојба. Тогаш Никола ми кажа: „Само што влегов кај него, вели дека ми е жал што сте скарани“, изјави Нада.
За потсетување, Маринко почина во саботата на 6 номеври на 68 години.
фото: ата имагес