Радио Милева тетовирано братство

Мартин од „Некст Тајм“ си го истетовира брат му Стефан на раката: Брат за брат, близнакот на тетоважа! (ФОТО)

Мартин од „Некст Тајм“ си го истетовира брат му Стефан на раката: Брат за брат, близнакот на тетоважа! (ФОТО)

„Некст тајм“ се еден од оние бендови кои секојдневно не „киснат“ по насловниците на медиумите и не ги има секоја вечер по ТВ емисиите, но затоа пак кога близнаците нешто ќе направат – е направено!

Од нивните први хард енд хеви песни, до „Ѓурѓа, Шумите, Бабо, Јовка“… Особено овие последниве, која од која аудивизуелно ремек дело.

Приватноста исто така не ја споделуваат баш секојдневно со своите обожаватели и следбеници во јавноста, иако има моменти кои се за паметење и треба да се овековечат и обзнанат.

Како на пример, роденденот на Филип, третиот брат на близнаците Мартин и Стефан, кој секој однив одделно му го честиташе на својот Инстаграм, а сите заедно го одбелажаа моментот, па со семејна фотографија со нивната мајка го споделија на социјалните мрежи.

Но, она што привлече деновиве исто така внимание е најновата тетоважа на еден од близнаците. Не дека обајцата до сега немаат по нејој тату украс на својата кожа – напротив. Но, она што е впечатливо и специфично е тоа што Мартин Филиповски, гитаристот на „Некст Тајм“, на својата рака додаде специфична тетоважа.

Овој пат „братска“, зашто си го истетовира ликот на својот брат-близнак и компањон од бендот, пејачот Стефан.

Мартин отиде во тату ателјето кај еден од најпроверените тату мајстори во Македонија, кој најпрвин го скицираше, а потоа и го започна тетовирањето на посакуваниот лик.

Или што би рекле: „Брат за брат“, близнакот на тетоважа“!

Ќе му возврати ли Стефан со идентичен потег и каде, на кој дел од телото би го ставил ликот на брат му Мартин, останува да видиме? „Next time brother“, или… ?

Фото: Инстаграм принтскрин/goranmicic_mg/stefan_filipovski/martin_filipovski/

 

To top