Радио Милева е или не е?

Лила „гори“ во Дубаи: Покажа дека е „риба и пол“ на плажа, ајкула зад стаклото на аквариумот, па на крајот го откри и „банкарот“! (ФОТО)

Лила „гори“ во Дубаи: Покажа дека е „риба и пол“ на плажа, ајкула зад стаклото на аквариумот, па на крајот го откри и „банкарот“! (ФОТО)

За Лила Филиповска очигледно нема зима. А како и би имало кога таму каде што во момоментов е пука сонце. Ветената земја среде пустина, градот на соништата во кој се исполнуваат сите желби, но само ако можете тоа да си го дозволите или имате кој да ви го приушти. А Лила очигледно и може и има… Како топ инфлуенсер, секако!

Водителката во костим за капење  кој го обликува телото, уште еднаш покажа дека мајката природа навреме веќе се погрижила за нејзиниот телсен облик и сите атрибути.

До душа, кои естстската хирургија ги надополнила со по некој кубик тазе силикон, за телесното совршенство да изгледа беспрекорно. Риба и пол и на плажа!

А, кога сме веќе кај рибите, водителката „се смеша“ и со нив, но само од зад стаклото на најголемиот и најдлабокиот аквариум на Средниот Исток.

Лила се обиде да ви помогне  со тоа што појаснила дека на видеото  гледате две нешта: едно  од најопасните морски животни, а другата е ајкула! А вие сега одете па препознајте, која е која?

Но, она што сите ги изненади и шокираше, а потоа и насмеа беше една селфи фотографија на Лила со човекот за кој сите се прашуваат кој е? Тој гостопримливо и посака добредојде во Дубаи и љубезно и’ се заблагодари за посетата, а таа  посака да направи заедничко селфи со него.

„Шеикот“ љубезно прифати, без да знае дека нељубезно му следуваат „уши над турбанот“ од водителката. Арно ама, ако се’ уште некому не му е јасно кој е човекот, еве го одговорот: „Банкарот“! 

Кој не верува, нека му се јави! Бројот го има Лила!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

 

 

To top