Радио Милева блиски роднини

Ретко кој знае дека оваа позната пејачка му е братучетка на Бора – „Чорба“ (ФОТО)

Ретко кој знае дека оваа позната пејачка му е братучетка на Бора – „Чорба“ (ФОТО)

Иако Бора Ѓорѓевиќ е на естрадата веќе 40 години, често се појавуваат нови, интересни информации за неговиот живот. За многумина  сосема непознат е фактот дека неговата братучетка е позната дама од нашата естрада.

Станува збор за Биља Крстиќ со која Бора неколкупати успешно соработуваше.


Тоа го откри уште во 2004 година, кога се појави на промоцијата на албумот на Чорба „Овде“, на кој гостуваше во воведната песна „Мобилен“.

„Да ви кажам една тајна, можеби не знаете. Јас и Бора сме роднини. Ние сме братучеди. Затоа навивам за него и по таа линија, но и на пријателска“, изјави тогаш Биља.
Нивната соработка датира од 1975 година. Во тоа време тие двајца беа членови на легендарната акустична група „Сунцокрет“.

To top