Во „Радио Белград“ беше одржана комеморација за пејачот Маринко Роквиќ кој почина по тешката борба со опасната болест.
На комеморацијата прво пристигна неговото семејство, сопругата Славица и синовите Марко и Никола Роквиќ.
На комеморацијата присуствуваа и колегите на покојниот пејач.
Композиторт Миша Мијатовиќ, хармоникашот Мича, пејачката Ана Бекута и бившиот фудбалер, а сегашен тренер на „Црвена Ѕвезда“, Бошко Ѓуровски одржаа говор во чест на Маринко.
Синовите на Маринко, Марко и Никола Роквиќ се приближија до Бошко и заедно ја запејаа емотивната песна на Шабан Шаулиќ – „Тамо код најдаљих брда“. Во еден момент додека ја пееја песната, Никола се расплака.
За потсетување, Маринко Роквиќ почина во саботата (7.11.2021) на 68 години.
фото: марина лопачиќ