Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе некое време ужива со врската со Богдан Срејовиќ која ја следи на настапите, а и заедно се појавуваат на приватни прослави.
Без оглед на тоа што имаат убав однос, Цеца не планира брак со своето момче.
-Никогаш, зошто да се мажам? Документот ја расипува среќата. Јас веќе се мажев, видов дека може да биде прекрасно, фантастично, мене документот не ми значи ништо и сакам да се забавувам“, изјави Цеца за „Гранд Њус“.
Пејачката вели дека нејзиниот син Вељко и помага околу изборот на гардеробата и на негово инсистирање знае да облече кратко здолниште.
-Тоа е на инсистирање на мојот син. Знае да ми каже – „Многу ме нервираш кога ќе се облечеш во тие кошули, облечи се како што се облекуваш, што си се закопчала до грло“ вели таа.
За потсетување, оваа сезона Цеца Ражнатовиќ дојде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ наместо Јелена Карлуеша.
фото: инстаграм/звезде гранда/з.к муња/е сток/часлав вукојиќиќ