Пејачката Маја Беровиќ го чека своето прво дете со сопругот Ален Драгосав со кој е од својата 17 година.
Маја ужива во својата бремност која на почетокот ја криеше од јавноста, но сега не се крие да го покаже трудничкото стомаче.
Пејачката одмараше во својот дом, а за таа прилика ја крена маичката и го покажа голото трудничко стомаче.
„Растеме“ напиша таа во описот на фотографијата.
За потсетување, Маја и Ален се во брак од 2016 година и се запознале кога таа била малолетна. Набргу по запознавањето тие започнале да се забавуваат, а подоцна и да живеат под ист кров.
фото: промо/инстаграм