Радио Милева силиконски „појас за спасување“

Најпознатата наша ТВ водителка ужива во Дубаи: Лила на ноќно капење, но не се секирајте и без пливање – не може да потоне, а еве и зошто! (ВИДЕО)

Најпознатата наша ТВ водителка ужива во Дубаи: Лила на ноќно капење, но не се секирајте и без пливање – не може да потоне, а еве и зошто! (ВИДЕО)

Блазе си и на Лила Филиповска велат, се изнашета за сите пари, та шетањата биле и спонзорирани. Така е тоа кога си ем најдобра и најпопуларна ТВ водителка, ем најпозната македонска инфлуенсерка, која убедливо го држи врвот на ТОП листата, па дали со свои или со туѓи пари, може да си дозволи да си ги оствари соништата.

Деновиве  Лила летна за  Обединетите Арапски Емирати, а во моментов е во ветениот град Дубаи. Таму Лила, навистина ужива „за сите пари“. Онака, како што само таа знае, а на малку им се може.

Од појадок до вечера, од мугри до зајдисонце, од хотелската соба до плажата или базенот, Лила ужива во секој миг од ноќта и денот.

Едноделен циклама костим за капење и очила за сонце во тон за уметнички впечаток, па преку ден на разладување во отворениот хотелски базен.

А навечер, друга песна… Или истата, само на друга локација. Водителката на ноќно капење во топлото море, сцена која можеби некои од нејзините фанови, Инстаграм следбеници или ТВ гледачи и ги загрижи.

Едни се исплашија да не, не дај Боже, ја нападне ајкула, други пак да не се удави во темните морски води… Но Лила не само што пожа дека има смелост да се впушти во ноќна морска авантура, туку ситуацијата и ја овековечи со нова фото тура и едно видео за спомен и долго сеќавање.

А, видеото кога убаво ќе го погледнете, ќе видите дека освен спомени, открива и нешто друго. Лила и на ноќно капење, дури и без пливање, никако не може да потоне. Водителката има нешто што повеќето други го немаат, па ако се лоши пливачи, можат да се удават.

Силиконскиот „појас за спасување“ на бујната, цицлеста, македонска ТВ грација е сигурна гаранција која Лила во секоја пригода, постојано ја држи над вода!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

To top