Актерката Сара Џесика Паркер е на снимањето на продолжение на серијата „Сексот и градот“, но неодамна се појавија негативни коментари за нејзиниот изглед.
Имено, се појави фотографии од сет, а со нив се појавија и негативни коментари за изгледот на познатата актерка.
Сара не остана рамнодушна на критиките за изгледот.
– Има толку многу мизогински коментари за нашиот изглед што никогаш немаше да се случи доколку се работеше за маж, рече Паркер и додаде: „Пресадување коса. Дали таа има пресадено коса?. –Седам со Енди Коен, а тој има полна пресадена коса и никој не прашува зошто?, прашала актерката и додала:
– Не знам што да ви кажам луѓе! Особено на социјалните мрежи. Секој има што да каже. Има премногу брчки, нема доволно брчки.
Таа додава дека изгледа дека луѓето не сакат да бидат океј самите со себе.
-Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да исзчезнам, праша револатирната актерка.
фото: Профимедиа