Радио Милева миксер

Никој не прави штимунг како неа, „кралицата на бакшишот“, жешката Теа: Ги „пали“ додека пее, ги дразни кога ќе „замеша“ (ВИДЕО)

Никој не прави штимунг како неа, „кралицата на бакшишот“, жешката Теа: Ги „пали“ додека пее, ги дразни кога ќе „замеша“ (ВИДЕО)

Покрај Јелена Карлеуша, пејачката Теа Таировиќ е веројатно медиумски најекспонираната на естрадата, што заради својот изглед, однесувањето, облекувањето, скандалите и споделувањето скокотливи фотографии и видеа за своите обожаватели и  следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Покрај сето тоа , прекарот кој однеодамна го носи – “кралица на бакшишот“, теа во секоја прилика се труди да го оправда.  А како и не би била „кеш кралица“, кога знае од гостите како да го „извлече“ бакшишот, зашто им го знае фетишот.

Теа настапува речиси секојдневно и прави невидена атмосфера, што го докажуваат и видеоснимките од нејзините настапи. Токму еден нејзин таков настап на кој летаат банкноти со девизи и денари на сите страни, објави неодамна порталот  srbija_showbizz .

На видеоклипот се гледа како Теа облечена во црно, провидно, кусо фустанче, со длабоко деколте, пее и меша како „миксер“, додека танга гаќичките одзади и се проѕираат, а бујните гради однапред, се преливаат.

Околу неа млади мажи кои ја „тушираат“ со банкноти, кои како конфети летаат и паѓаат на подот или на сајзерот од музичарот што ја следи.

А, Теа меша ли меша, додека запалената машка маса во пијан транс, опиена ужива во нејзиниот музички, еротско-танцувачки  перформанс.

А како и не би, кога  никој не прави штимунг како неа – „кралицата на бакшишот“, жешката Теа!  Уживаш додека ја слушаш, се дразниш додека ја гледаш!

Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/srbija_showbizz

To top