Изложби, проекции и дискусии се најавени од 10 ноември, кога во МКЦ се одбележува настанот „50 години македонски анимиран филм“.
Отворањето е закажано за среда во 20 часот со проекција на „Ембрио № M“ – првиот македонски анимиран филм. Истовремено, ќе бидат отворени изложби во двете галерии на МКЦ „Македонски анимиран филм 1971 – 1991 и „Сцената денес“. Се работи за изложби на оригинални артефакти од анимираните филмови што ќе траат до 22 ноември.
Во среда, 10 ноември со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе започне настанот „50 години македонски анимиран филм“. Одбележувањето на јубилејот ќе опфати изложба на артефакти од „златното доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), како и изложба на артефакти од актуелните автори на анимиран филм кои ја сочинуваат сцената денес. Освен изложба, предвидени се дискусии со авторите од „златното доба“ и сцената денес, проекции на филмови, како и презентација на публикацијата „Македонскиот анимиран филм 1971-1991“ која е резултат на истражувачката работа на Иван Ивановски и Слободан Јаќоски.
Оваа година се навршуваат точно 50-тина години од „Ембрио №. M“ на Петар Глигоровски, првиот македонски анимиран филм. Глигоровски, заедно со Дарко Марковиќ и Боро Пејчинов и уште шест автори се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години – создавајќи извонредни филмови кои учествуваа и добија значајни признанија на големи светски фестивали, вклучувајќи и „Сребрена мечка“ на Меѓународниот фестивал во Берлин.
По „златната доба“ на македонскиот анимиран филм (1971-1991), настапува извесен дисконтинуитет со целосно редуцирана продукција и индивидуални пробиви. Пред околу 10-тина години, новите технологии за дигитална продукција придонесуваат за постепено создавање на нова сцена на автори на македонски анимиран филм и повторно етаблирање на македонскиот анимиран филм на европските и светските фестивали.Организацијата на овој настан е на Друштвото на филмските работници на Mакедонија во партнерство со Кинотеката на Македонија, Вардар Филм и Младинскиот културен центар, со поддршка на Агенција за филм на Република Македонија, Министерството за Култура и Град Скопје, соопштуваат од ДФРМ.
Во четврток, 11 ноември, од 19 часот во киното „Фросина“ е најавена дискусија „Македонски анимиран филм 1971 – 1991“ (разговор за истражувачкиот проект и истомената публикацијата.
Од 20 часот ќе има проекција на следните филмови од 1971 до 1991 година:
Стрелби – Дарко Марковиќ
Феникс – Петар Глигоровски
Тоа е мојот живот – Боро Пејчинов
Хомо екраникус – Делчо Михајлов
Парабола – Мирослав Грчев
Демагог – Славољуб Игњатовиќ
Чистач – Милутин Рогановиќ
(Нај) Тешкото – Афродита МарковиќПеток, 12 ноември, кино Фросина, ќе има дискусија „За сцената денес“, односно за предизвиците на денешните автори на анимираниот филм.
Најавени проекции:
One of many – Вук Митевски
Кружно патување на монахот – Жарко Иванов
Народен фронт 12 – Иван Ивановски
Човекот што не сакаше да умре – Гоце Цветановски
Готлиб – Крсте Господиновски
Карантин – Иван Андреевски
Живот во меур – Никола и
Девојката што паѓа – Владимир Лукаш