Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст, пренесоа српските медиуми.
Тој почина по тешката борба со опасната болест.
Неодамна во јавноста се појавија информации дека Маринко е хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е критична.
Маринко Роквиќ е српски пејач роден на 27 јануари 1954 година во Босански Петровац. Неговите родители биле строги, а семејството тешко живеело бидејќи се занимавале само со земјоделство. Маринко и брат му покажале интерес за музика уште од мали нозе, па учествувале на повеќето училишни настани. Маринко сакаше да пее и свири песни на хармоника, а неговиот брат подобро се снајде во автомобилскиот сектор. И двајцата се самоуки, а за хармоника се карале само затоа што имале една. Покрај музиката, Маринко сакал да тренира и фудбал.
Се запишал на факултетот ФОН и завршил една година бидејќи не можел да ги координира настапите со предавањата. Секогаш сакал да се облекува убаво и бил вистински срцекршач. Имаше се повеќе ангажмани, а по две години пеење доби понуда да го сними својот прв сингл. Тој се појави на телевизија по пет години во овој бизнис.
Во 1980 година Маринко имал авантура од која се родил неговиот најстар син Дарио. Штом утврдил дека детето е негово, тоа го признал. Во 1984 година ја запознал својата сегашна сопруга Славица, која во Белград дошла од Загреб. Следната година се венчаа и го добија синот Никола, а две години подоцна и синот Марко.
фото: принтскрин