Радио Милева се' уште не се откажала...

Данијела повторно проговори за нејзината болна тема – неоствареното мајчинство (ФОТО)

Данијела повторно проговори за нејзината болна тема – неоствареното мајчинство (ФОТО)

Пејачката Данијела Мартиновиќ повеќе од 20 години беше во врска со колегата Петар Грашо, кој сега е вљубен во 15 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.

Данијела тврди дека отсекогаш имала голема желба да се реализира како мајка, а своевремено имала и интимна исповед на тема борба за потомство, која шокираше многу жени.

 

„Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна, со оглед на тоа што сум пејачка, е многу јавна. Понекогаш ми звучат таквите некоректни наслови за моето неостварено мајчинство толку вулгарно, простачки.

 

Пејачката своевремено без тронка двоумење изјавила  дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но и понатаму верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќата и без дете.

„Детето е моја голема желба, никогаш не сум ја криела, но поради некоја причина се’ уште тоа не се случило. Не се откажав да бидам мајка, но го прифатив и фактот дека ќе можам да бидам среќна и ако тоа никогаш не се случи“,  изјави Данијела.

Фото: Инстаграм принтскрин/danijelamartinovicofficial

To top