Радио Милева да може да го врати времето

Познатиот холивудски актер за кој лудуваат многу жени ја поканил Нина Бадриќ на вечера, а таа го одбила: „Бев заљубена во идиот од Загреб“

Познатиот холивудски актер за кој лудуваат многу жени ја поканил Нина Бадриќ на вечера, а таа го одбила: „Бев заљубена во идиот од Загреб“

Популарната хрватска пејачка Нина Бадриќ откри интересен детаљ од нејзиниот приватен живот.

Таа вели дека холивудскиот актер Кевин Костер сакал да ја изнесе на вечера.

-Така е тоа кога си дете. Тогаш имав 25, 26 години. Бев на една гала вечер и доделување на награди во Монте Карло. Кевин Костер ме покани на вечера, а јас мислев дека е шега“ вели таа и додава”

-Toa е така кога си млад и кога немаш самодоварба. Си помислив: „Ма ајде, од сите жени мене баш ќе ме покани на состанок“, вели Бадриќ.

Таа откри дека тоа се случило во времето кога се снимал филмот „Телохранител“.

„Ме виде во еден клуб и го прати неговиот асистент кој цела ноќ инсистираше. 500 пати ме праша дали сакам со него на вечера. На крајот ми се приближи една новинарка од Белград која ме праша: “Што ти е тебе Нина?. Јас тогаш бев заљубена во еден идиот од Загреб. Кога му кажав на неговиот асистент дека имам момче, тој ме погледна и ми се заблагодари. Којзнае што си мислел во главата“, истакна Нина.

„Да можам да го вратам времето сигурно би одела на вечера со Кевин“, вели хрватската пејачка.

фото: бадриќ/инстаграм/профимедиа

 

 

To top