Популарната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ заедно со синот Александар живеат во луксузна вила на Бежаниска коса која ја купија пред раѓањето на наследникот и која вреди околу пет милиони евра.
Вилата на Александра и Филип е одалечена неколку минути од семејниот дом на Живојиновиќ.
Во внатрешниот дел на домот преовледуваат нежни тонови, а секој детаљ е посебен на свој начин и се вклопува со просторијата.
Изгледа на Прија најомилилен дел и е просторијата каде има огледало бидејќи редовно се фотографира пред него.
Пејачката во дневната собра има и бел клавир, па освен Александра и Филип, покрај овој музички иснтрумент ужива и нивниот наследник.
Што се однесува до дворот, она што може да се забележи од улица е дека вилата има повисока ограда, па може да ужива во својата приватност во дворот.
фото: А.Налбантјан/никола томиќ/инстаграм