Бракот меѓу пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко наликува на бајка. Пејачката заедно со семејството живее во Нова Пазова, но ретко се појавува во медиумите и на јавни настани.
Поранешната вработена кај Сека сега проговори и откри детали за пејачката, како и за нејзиниот приватен живот.
Имено, жената која пред неколку години беше врабоена во вилата на Алексиќ откри всушност каква е Сека кога ќе се исклучат камерите.
„Многу ми беше тешко кога ја прозваа Сека и кога зборуваа дека не гледа никој освен самата себе“ почнува таа и додава:
„Па таа нас не плаќаше со полни раце, а да не зборувам за нејзините пријатели и роднини“, вели некогашната куќна помошника на пејачката.
Таа открива дека бракот на Сека и Вељко е брак за пример.
„Кај неа посебно ми се допадна што по дома работеше со нас, и пеглање и готвење…Да не зборувам за Вељко. Тој е на се подготвен, само Сека да е среќна. Наутро ќе стане пред неа, ќе направи кафе, па ќе и го однесе во кревет, па потоа ќе направи појадок. Трча околу неа, а таа само го прегрнува и бакнува. Верувајте ми да не постои жена кој тој ќе ја погледне покрај Сека. Тоа е рај и идила“ заклучи изворот за скандал.рс
Инаку, Сека и Вељко од бракот имаат два сина, Јаков и Јован.