Мегафон Денови на европско Скопје

Изложба на фотографии во „Мала станица“: „Лицата на Европа“ од Александар Кондев

Изложба на фотографии во „Мала станица“: „Лицата на Европа“ од Александар Кондев

Во рамките на манифестацијата „Денови на европско Скопје“ ја поместивме и оваа изложба со наслов „ЛИЦАТА НА ЕВРОПА“ на нашиот познат фотограф Александар Кондев, соопштуваат од Дирекцијата за култура и уметност.

Фотографии настанати во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со Ансамблот „Орце Николов„ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа.
Која беше целта на авторот со оваа изложба. Едноставно да се сретнеме со лицата на европските граѓани од Кипар и Турција до Германија, снимени на еден друг начин, вон стандардните места и стереотипи на кои сме навикнати.


Покрај портретите во нивната средина на живеење, овде можеме да ја видиме сета убавина на традицијата и фолклорот кој сеуште се негува во целиот овој простор.
Можеме да видиме како традицијата и современоста се преклопуваат во она што ние го нарекуваме живот и постоење.
Гледајки ги фотографиите доаѓаме до заклучок колку луѓето на Европа се културолошки блиски, поблиски од што мислиме во секојдневието, велат оттаму.

To top