Македонската фолкерка Ирена Вељовска е една од оние кои „киснат“ на социјалните мрежи. Но не само за ди листаат, туку покрај фотографиите на нив да споделуваат интересни и забавни содржини во вид на клипчиња, особено на социјалната сервис мрежа позната како ТикТок.
Така фолкерката стана се’ попопуларна тиктокерка откако со своите музички имитации на познати ѕвезди и нивните хитови или имитациите на познати фрази и дијалози од разни ТВ серии умееше да ги сподели со своите следбеници. Оттуѕка Ирена покажа завидна актерска уменшост, оставајќи впечаток дека не е надарена само за пеења, туку и за друг вид уметност. Штета што во Македонија го нема „Македонија има талент“, па таму да ги покаже своите актерски споссбности.
Затоа Ирена ги има мобилниот и неговата камера, огледалото, ТикТок и Инстаграм, каде без грам срам знае даго покаже она што умее да го изведе, а не е само пеење, туку многу често е за смеење. Хумор „на нивоу“, а понекогаш и на своја сметка.
Арно ама имитацијата не секогаш и поаѓа од рака, а дека е тоа така, Ирена покажа во најновото видео.
И покрај тоа што редовно вежба што во теретана, што по дома и ја одржува линијата, формата и кондицијата, на фолкерката по се изгледа имитациите и глумта во последно време, нешто послабо и оди…
Едноставно, откако се офарба русокоса, некако не и поаѓа од рака. Барем не од прва… Жив доказ – последното видео на фолкерката.
Имено, пејачката сакаше нешто да одглуми, да изведе некоја „керифекија“, арно ама не и успеа, па Ирена во следниот миг заврши со високо кренати нозе!
Секако пред да тресне од столчето на задникот…
Среќа што не седеше на шанкерска столица, од каде по падот можеше да заврши со скршена карлица.
Вака, само малку го потчукна и наби га*ето, колку за памет за во иднина, повеќе да внимава кога нешто изведува!
Затоа наш совет до рускосата фолкерка: „Памет во глава и чувај го га*ето покрај ѕид, отсега… Оти ќе ти треба“!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/irenaveljovska