Македонската манекенка Андријана Илиоска учествуваше на Аrab Fashion Week (Арапска модна недела) кој се одржа во Дубаи и траеше девет дена.
Од вкупно 18 дизајнери на модниот викенд Илиоска работеше за 14 меѓу кои е избрана и да дефилира за познатиот бренд „Moschino“.
Ревијата за „Moschino“ се одржа првиот ден и со таа ревија се отвори „Arab Fashion Week“.
Истиот ден имаше настан „Fashion Icon Awards„ каде што му беше доделена награда на директорот на Moschino, Jeremy Scott.
Младата манекенка учевствувала и на ревии на други познати дизајнери од Дубаи, Париз, Полска, Милано и САД.
Како што се познатиот дизајнер Michael Cinco кој што дизајнира за најголемите светски ѕвезди како што се Малума, Џенифер Лопез, Бијонсе и многу други.
Исто така дефилираше и за најновата колекција на брендот „Amato“ кој дизајнира за Ники Минаж, Kети Пери, Парис Хилтон, Кети Пери, Шакира, Aриана Гранде, и други.
Андријана на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира на модна писта во розова комбинација како барбика на брендот „Moschino“, а под објавата доби само убави комплименти и позитивни коментари за нејзиниот изглед.
Инаку, Андријана Илиоска ја освои титулата Мис на Медитеранот 2018, на интернационален избор за убавина кој се одржа во Киренија, Кипар.
Во 2020 година, Андријана ја освои титулата мис бикини на изборот за „Мис аура интернешел 2020“ кој се одржа во Турција.
Во видеото подолу погледнете дел од атмосферата од Модната арапска недела.
Илиевска се појави и во видео записот на песната „Лане“ на Дадо Полумента.
фото: фејсбук/инстаграм