Радио Милева естрадата стана само... хоби

Од музика нема леб… Не барем доволно, па Димитар Андоновски почна лебот да го вади во „Жито Лукс“

Од музика нема леб… Не барем доволно, па Димитар Андоновски почна лебот да го вади во „Жито Лукс“

Македонската естрада очигледно дојде до дереџе да страда… Уште малку и за леб!  Очигледно е дека по се што ни се случува, од естрадниот живот има се помалку леб, па некои од најпознатите музички имиња се принудени да си најдат дополнителна работа или пак таа да им стане главна, а музиката дополнителна, за да можат да го „прехранат“ семејството.

Така, поп-пејачот Димитар Андоновски од пред некое време се вработи и сега е комерцијалист. И покрај тоа што  паралелно ја турка сопствената соло-кариера, тој веќе две години е и вокал на групата „Димитар и Тајфата“, но сепак, очигледно тоа не е доволно за да се заработи онолку колку што треба.

Затоа Димитар мораше да се вработи за, како што самиот изјави,  да ја обезбеди својата иднина и иднината на своето семејство, бидејќи како што сега стојат работите, музиката тоа не може да му го пружи и гарантира.

Бидејќи пејачот со сопругата Христина и едноиполгодишното синче Михаил живее во Битола, се вработил во познатата фирма за производство на леб и бели печива „Жито Лукс“ како комерцијалист кој  ја следи дистрибуцијата на нивните производи во регионот на Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар.

Свирките се до доцна навечер, а лебот се вади и разнесува рано наутро, по месечина… „Само тоа го можеш ти“ – пееше Диме во еден од најголемите негови хитови… Ќе може ли сега да ги усогласи двете професии и која ќе му стане примарна, а која ќе му остане хоби… останува да видиме.

Ама како ни тргнало, македонската естрада многу бргу ќе се претвори само во… нечие хоби!

 

To top