Радио Милева нејзината внука

Eве кој член на кралското семејство би требало да го наследи накитот на принцезата Дајана

Eве кој член на кралското семејство би требало да го наследи накитот на принцезата Дајана

Како нејзина прва внука, принцезата Шарлот треба да биде наследничка на една од најпознатите обележја на принцезата Дијана – семејната тијара што ја носеше на нејзината свадба со Чарлс, пишува „Cosmopolition“.

Имено, малата Шарлот (6) најверојатно ќе го наследи најголемиот дел од накитот од богатата колекција на нејзината покојна баба, додека дел би требало да и припадне и на четиримесечната Лилибет. Како единствени внуки на принцезата Дајана, која девојките немаа можност да ја запознаат, треба да ја имаат честа да го чуваат споменот на својата баба.

Извори блиски до дворот  тврдат дека Шарлот ќе може да избере одредени парчиња накит, но и дека само за неа се издвоени неколку скапоцени.

Така, според британските медиуми, штом Шарлот ќе порасне би требало да ја наследи познатата тијара на Дијана со непроценлива вредност.

Иако некои медиуми тврдеа дека Шарлот наводно му е „подрага од Лилибет“ на кралското семејство и дека тоа е причината поради која таа ќе добие по најголемиот дел од накитот, вистина е дека Шарлот е постара од Лилибет и тоа е единствената причина поради која има право на предност.

фото: тањуг/ап

To top