Радио Милева сета мизерија на една трагедија

И три недели по смртта, македонскиот пејач Васил Атанасов се’ уште не е погребан, а неговата сестра раскажува низ каков пекол поминуваат во Германија: „Да знаев, брат ми на раце би го однела во Македонија“

И три недели по смртта, македонскиот пејач Васил Атанасов се’ уште не е погребан, а неговата сестра раскажува низ каков пекол поминуваат во Германија: „Да знаев, брат ми на раце би го однела во Македонија“

Фолк пејачот Васил Атанасов кој по тешко боледување почина на 8-ми октомври 2021 година во Германија, каде што живееше околу две децении и по три недели од смртта се’ уште не е погребан.

Ова јавно го обзанани неговата сестра на Фејсбук профилот на Атанасов кој се’ уште е активен, раскажувајќи низ каков пекол поминуваат судирајќи се со строгите законски прописи и процедури во Германија од една, и немањето доволно финансиски средства, од друга страна, за нејзиниот брат достојно да биде испратен во вечното почивалиште.

 

„Да знаев дека толку е комплицирано и скапо, на раце би го однела брат ми во Македонија“ – ја почнува својата тажна приказна неговата сестра, раскажувајќу дека пејачот требало да биде погребан уште на 28-ми октомври, а до 3-ти ноември да се платат трошоците, но потоа градските власти наводно го смениле мислењето и прво побарале да биде платено, а потоа да се изврши погребот.

Во недостаток на финансиски средства неговата сестравели дека ќе мора да оди дури до Виена каде од една банка може да подигне брз кредит, па дури на 4-ти ноември Васил Атанасов да биде испратен до вечниот дом.

Бидејќи телото на покојниот пејач сега се чува во ладилник, а било прземено  од болница каде фолкерот починал и облечено од страна на службите на градските власти, таа ним им платила за тоа 3350 евра, а тие сега уште и бараат плус 2250 евра за чинот на погребувањето и гробното место, пари која таа во моментот ги нема и затоа чинот се одложува.

Таа вели дека се јавувала и им пишувала во погребалното претпријате во Македонија, но никој не одговорил на нејзините повици иако била подготвена да плати за преземање и организација на погребот на Васил во Македонија.

Сето ова наведува на една морничава приказна за тажна човачка судбина на еден естраден уметник кој колку-толку ја задолжил оваа земја, придонесувајќи за развојот и популаризацијата на македонската новосозадена фолк песна. Тажна приказна која се повторува, како онаа на претходно починатиот Пепи Бавтировски, кој почина во Америка, а на крајот заврши со слична судбина како Васила.

Да бевме сериозна држава, Министерството за култура, ЗАМП, здруженијата на естрадни уметници, МРТВ… кој и да е или сите по малку соодветно ќе реагираа, за македонскиот естраден уметник и голем македонски патриот да биде достојно испратен на својот последен пат, до вечно почивалиште, овде во Македонија! Вака, останува уште еднаш да се соочиме со „сета мизерија на една трагедија“!

Еве го тажниот Фејсбук статус на очајната сестра на покојниот естраден фолк уметник Васил Атанасов, во целост:

 

Фото: Фејсбук принтскрин/Vase Vasil Atanasov

 

To top