Пејачката Цеца Ражнатовиќ моментално ужива во љубовна врска со Богдан Срејовиќ, а неодамна папараците го уловија како неколку дена по ред преспива во домот на пејачката, па се претпоставува дека тој се преселил таму.
Меѓутоа, пред Богдан, Цеца беше во врска со манекенот Владимир Четковиќ Цвеле (44), но публиката го памети како прво момче кое Цеца го покажа по смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Имено, Цеца и Владимир се забавуваа шест месеци и не се криеја. Тие се забавуваа во 2010 година, а како што истакнаа раскинале поради разликите во карактерот.
Владимир се повлече од јавноста, иако медиумите го поврзуваа со дами од јавниот свет. Откако ја напушти модната писта, тој еден период работел како промотер за средување на коса.
Цвеле сега наводно работи како таксист на релацијата Нови Сад – Белград, а по личност наплаќа 275 денари.
-Владимир не може да заработи од таа работа бидејќи максимално може да земе 1100 денари, а толку изнесува горивото и патерината од Нови Сад – Белград“, вели извор близок на некогашниот манекен.
-Тој не го работи тоа секојдневно, туку кога има работа во Белград за да ги покрие трошоците. Бидејќи нема работа и редовни примиња се случува да оди до Белград и возејќи луѓе ги покрива трошоците за својот пат“, вели изворот.
Како што вели, Цвеле на почетокот се срамел бидејќи луѓето можеле да го препознаат и да го доведат во врска со Цеца, но сега се опуштил и сфатил дека луѓето не го гледаат низ таа призма.
Владмир на оваа апликација за такси е регистриран под своето име и презиме и има ставено фотографија од него.
-Често патувам поради својата работа, па ова е одличен начин, покрај тоа што превозот е поевтин, да се намали и гужвата во сообраќајот. Ја сакам природата, физичката активност и патувањата„ пишува во описот на неговиот профил.
фото: принтскрин/инстаграм/З.М Муња/фејсбук/ало.рс