Неодамна започнаа снимањата на шестата сезона на „Преспав“ која ќе започне да се емитува во декември.
Екипата на една од најгледаните македонски серии, актерите Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Игор Ангелов, Тијана Дапчевиќ, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Дритон Вејсели, Игор Стојчевски, Адриан Азири… се собраа на сет и започнаа со снимање.
Започнаа со снимање: Еве кога започнува новата сезона на „Преспав“ (фото)
Меѓутоа, овој пат актерот Васил Зафирчев кој ја игра улогата на готвачот Марио откри неколку тајни од снимањето на серијата.
Актерот во шестатта сезона ќе се појави со нов имиџ.
Имено, тој случајно го „начека“ изгубениот телефон на одговорниот за социјални медиуми.
Зафирчев откри дека адресата каде што се снима серијата е Македонската радио телевезија. Тој со мобилиниот ги водеше следбениците на сет, па покажа како изгледа студиото, каде е местото за режисери, тонци.
Тој откри дека имаат и нов изглед на ресторанот, односно дека изгледа поубаво и со други, нови бои.
Марио покажа како изгледа и неговата реновирана кујна каде што ќе готви.
Актерот ги повика гледачите да го гледаат „Преспав“ кој ќе започне да се емитува следниот месец.
Инаку, Преспавци на крајот од последната 20-та епизода од петотто продолжение имаа незгода, односно пансионот се запали.
Идејата и концептот на „Преспав“ се на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов Изи, Вардан Тозија и Дина Дума. Сценаријата ги пишуваат: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева од Бугарија и Александра Миланова.
View this post on Instagram
фото: инстаграм/пансион преспав