Сопственичката на компанијата Мис Ју, Весна де Винча, истакна дека српската мисица Валентина Петровиќ по скандалот со несреќното покажување двоглав орел, на крајот ќе биде вратена дома од натпреварот, бидејќи е во лоша состојба.
„Јас сум во многу неблагодарна ситуација, бидејќи како претседател на компанијата треба да одлучам. Но, сепак, веројатно ќе ја повлечеме, бидејќи таа мораше да се концентрира на такви прашања. Плус, таа е неспособна да го продолжи натпреварувањето, во тешка ситуација е. Добивала разни закани преку телефон, а на крајот нејзиниот Инстаграм да биде исклучен. Тоа го направиле луѓе од Албанија и косовските Албанци, бидејќи нејзиниот профил бил избришан откако споделила слика на која крева три прста со девојките од Албанија и Косово, со кои претходно покажуваше двоглав орел“ – изјави Весна на телевизијата К1, а ја коментираше изјавата на Мис Албанија, Фронтина Гаши, која рече дека Валентина ја молела да крене три прста и затоа се сликале:
„Тоа што една мисица од Албанија изјавила дека Валентина плачела и молела за да се фотографираат заедно со кренати три прста, откако претходно покажале двоглав орел, воопшто не е вистина. Затоа што има повеќе слики во различни ситуации каде што држат различни симболи, па сето тоа паѓа во вода“ – рече Весна и продолжи:
„Свесна сум дека Валентина не знаела што прави, дека е измамена, но искрено не сум толку сигурна за девојките од Албанија и Косово. Затоа што ова не е прв пат да има провокација на вакви значајни натпревари, кои се многу популарни во светот и имаат одлична медиумска покриеност. Дури сум сигурна дека тоа е нивното лоби, за кое се добро платени, како Рита Ора и Дуа Липа.
Мисицата Валентина Петровиќ за прв пат официјално и се обрати на јавноста, со снимена видео порака, во која тврди дека жртва на стапицата на мисиците од Албанија и Косово.
„На овој начин сакам уште еднаш јавно да му се извинам на народот и на државата за непромислените постапки, каде што паднав во стапица. Кога дојдовме овде на натпреварот, девојките од Косово и Албанија имаа погледи кон мене кои не беа баш пријатни. После тоа наеднаш се’ се смени, па сакаа да бидат во мое друштво и да се сликаат со мене, да се дружиме нон-стоп. Јас сум воспитана како некој кој не мрази други религии и нации и го прифатив нивното друштво. Иако имав насоки од блиски луѓе, пред да дојдам на натпреварот, да внимавам што правам, сепак се вклучив во нивната игра и т.н. прекрасна енергија. Мислев дека немаат лоша намера и заборавив на што ме предупредуваа. Сега сум сигурна дека се’ е наместено, бидејќи само што ги споделив сликите каде држиме три прсти заедно, ме блокираа и ми го избришаа профилот, за да не можам повеќе да ги споделувам тие фотографии. Додека тие во меѓувреме продолжија да ги пласираат своите слики кои се на моја штета и тоа онака, дозирано, една по една. Овде поминувам низ вистински пекол. Целиот натпревар и бајката за него сега се претвори во катастрофа и кошмар“ – изјави Валентина во „Уранок“ на телевизијата К1.
Фото: Инстаграм принтскрин/bunt.svesrbija/vesnadevinca