Радио Милева долг

Пејачот „распали“ по Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ: „Гранд и Миле Бас ми должат 500 000 евра, ако не ми исплатат ќе ги тужам“

Пејачот „распали“ по Саша Поповиќ и Жика Јакшиќ: „Гранд и Миле Бас ми должат 500 000 евра, ако не ми исплатат ќе ги тужам“

Пејачот Хасан Дудиќ тврди дека „Гранд продукција“ и Миле Бас кој е сопственик на „Јужни ветар“ му должат пари и тој долг изнесува 500 000 евра.

Тој вели дека се обидел да го реши проблемот преку директорот на Гранд, Горан Шљивиќ, но е сигурен дека зад исплатата на парите стои Саша Поповиќ.

-Откако се појави тој Јутуб, ми должат многу пари. Не сум експерт, па не знам колку ми должат, но пријателите кои се занимаваат со тие работи тврдат дека Гранд и Поповиќ ми должат колку и другите. Откако започна тој интернет канал сите ги објавуваат моите песни од кои заработуваат, а јас кога си го барам својот дел, тие ме одложуваат. Сигурно ми должат околу 500 000 евра, а може и повеќе“ тврди фолкерот за „Курир“.

Тој откри кој се уште му должи пари.

-И Миле Бас ми должи пари, но тоа е друга приказна. Многу пати се обидев да наплатам, прашував…но ништо. Жика Јакшиќ и јас се познаваме 100 години, отсекогаш бевме добри, но тој сега е друга личност, дури и ме чуди што не ми помогна кога можеше. Жика откако стана „голем“ тој не се јавува, нема време….Човекот многу работи, се ќе пропадне без него, го разбирам“, вели Хасан.

Тој откри зошто го контактирал Жика.

– Неколку пати му понудив соработка, му испратив снимки и понудив некои од моите песни, но одговор не добив. Се збогатија и ја уништија оваа музика, ако сме реални. Им земаат се на пејачите, мизерно е тоа што им остана, а паричниците им се сė пополни и пополни. Жика не се мешаше во проблемот околу парите што ми ги должи Гранд продукција, туку дипломатски ме пренасочи кај директорот Горан Шљивиќ. Шљивиќ е коректен човек, и во една прилика се договоривме, но неговата реализација и исплата на моите пари се уште не се случи, дури и ако помина повеќе од година и пол од нашиот разговор – рече тој, и откри што му Горан  Шљивиќ.

-Тогаш ми рече да донесам список со сите мои песни и дека ќе ми се исплати разлика од досегашните прегледи, а во иднина автоматски ќе добивам дел од тој приход од моите хитови. Планирам повторно да одам на разговор за да видам што ќе се случи. Морам да бидам искрен, не можам да му забележам на Шљивиќ што не се реализираше договорот, сето тоа го направија Жика и Саша.

Хасан се уште не знае дали ќе го тужи Гранд.

-Не знам. Се надевам на Шљивиќ за кој мислам дека е добар човек. Но, ако не ги добијам своите пари, ќе го тужам и Гранд и Миле Бас“ вели пејачот.

To top