Во екот на кампањартта пред вториот круг локални избори во трката за иден градоначалник на Скопје, меѓу многубројните средби со граѓаните, од обичните луѓе до познатит и јавни личности, независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска имаше и една естрадно-градоначалничка средба.
Панчо и Андреј од ар ен би дуото ДНК се најдоа во разговор со Данела, за она што значи македонска естрада, условите во кои работат и егзистираат естрадните уметници, културните настани, градските културни институции, настаните, настапите, концертите, фестивалите… Со еден збор, уметничкиот живот на естраата, естрадните уметници и артисти.
Панчо задоволен од разговорот и ветеното доколку Данела Арсовска стане идната градска „мајка“ на македонската престолнина – Скопје, рече дека ја држа за збор за сите нејзини ветувања, па се огласи со свој статус и фотографија на социјалните мрежи, во кој напиша:
„Денеска заедно со Андреј се сретнавме со независната кандидатката за градоначалник на Скопје, госпоѓата Данела Арсовска. Поразговаравме на неколку различни теми меѓу кои и темата која највеќе не засега нас и сите наши колеги од Македонската сцена.
Разговаравме и се сложивме околу тоа дека Македонските артисти треба да се позастапени низ градот убав поготово оние алтернативни и кавер бендови кои имаат помали можност да настапат пред јавноста или на комерцијални места. Дојдовме до заклучот и ветување од нејзина страна дека ако стане градоначалничка односно “Мајка” на Скопје ќе реализира повеќе културни настани вклучувајќи многу повеќе Македонски изведувачи. Се сложи и со тоа дека кај Македонските артисти има многу квалитетни изведувачи и дека ќе настојува да ги ангажира согласно видот и потребите на настанот. Странски гости се секогаш добредојдени но исто така треба да си го цениме своето, домашното, Македонското. Исто така ни вети дека ќе се погрижи Скопје да биде почисто, позелено, место во кое што сите граѓани ќе се чуствуваат безбедни и најбитното дека будно ќе го следи и чува наше мило Водно и силно ќе се бори против урбаната мафија и неговото уништување.
Ние ја држиме за збор и се надеваме дека ќе ја видиме како градоначалничка, односно “МАЈКА” која ќе се грижи подеднакво за сите граѓани на Скопје. Да не заборавиме дека мајка си е мајка, татко може да биде секој“.
ПС: Ни ја пофали и нашата последна песна “Сите патиша” за која кажа дека и будела убави спомени од детството и ја вратила во времето на нејзиното безгрижно детство и на другарите со кои израснала и со кои и ден, денес комуницира.