Времето ги менува луѓето, годините влијаат и на созревањето и на физикусот, па затоа сите ние имаме стари фотографии, кои се нашите чувари на спомените. Како потсетници на минатото, на детството, младоста, старите добри, безгрижни времиња…
И одвреме-навреме знаеме да ги побараме, да ги извадиме и погледнеме, за да се потсетиме колку всушност сме остареле или видоизмениле, колку сме денес поразлични во секој поглед од тоа време, од она некогаш, кога таа фотографија е направена.
Спомените ги будат и емоциите, ги растреперуваат чувствата, па така обземени од носталгија, користејќи ги современите алатки на денешницата, спомените неретко ги споделуваме на социјалните мрежи, за да се потсетиме и себеси и другите што не познаваат од малечки како сме изгледале, а оние другите што не знаат „од вчера“ да се зачудат и погодуваат за кого се работи или пак веднаш на прва да речет: „Да тоа си ти… Ист(а) си…!“
Токму вакава ситуација приреди денес познатата македонска пејачка, некогашна членка на женската вокална група „Фор плеј“, Нина Јанева. Таа сподели еден фото-колаж од две идентични фотографии или поточно фото-пози на кои е фотографирана со нејзината сестра. И тоа некогаш и сега… Пред „извесен број“ години кога обете биле малечки девојчиња и денес, кога двете се веќе возрасни дами.
И ако убаво го погледнете своевидниот „фоторимејк“, не може да не забележите дека сестричката е препознатлива, зашто и денес ликот многу не и е изменет, додека Нина Јанева…? Да не знае дека се таа и сестра и на сликата, веројатно ни самата не би се препознала?! Или можеби и не е баш така?
Иако се’ е работа на лична перцепција, едно е сигурно, доколку не ја познавате од порано, од девојче, Нина на оваа фотографија сигурно не би ја препознале, ако некој не ви соопшти и не ве изненади за кого се работи!
Како што сите ги изненади и пораката или поточно еден од коментарите под објавената ретрофотографија на Нина, во кој една нејзе блиска личност која ја познава од раѓање меѓудругото напишала:
„Памтам Нина кога се роди долго време немаше име. Првото име и беше Трпана!?“…
Нина или Трпана, прашање е сега? Или можеби само баш најдобро „не се разбира“ напишаното, па она Трпана се однесува на некој(а) друг(а) од „екипата“?
Како и да е, Нина Јанева должи образложение дали таа е несудената Трпана, а вие должите признание, дали на насловната фотографија воопшто ја препознавте?
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/ nina_phoenixgram