Дека шминката прави чуда и ги транфосмира жените во убавици, тоа е веќе докажано. Многумина припаднички на понежниот пол изгледаат различно со и без шминка.
А нашите македонски познати дами многу ретко, речиси никогаш не може да ги видите во природно издание. Некои од нив дури може и нема да ги препознаете.
Викторија Лоба важи за атрактивна и позната пејачка на македонската сцена. На ТВ екраните, на сцена, може да ја видите со шминка, но таа е една од ретките што ја користи сосема малку, па природното издание е нејзино секојдневние. Лоба нема резерви за објавување фотографии без шминка, како и овој пат.
На социјалните мрежи таа објави уште една фотографија без грам шминка и во пењуар. Поприродно од ова – здравје!