Радио Милева Неверојатно си личат

Ќерката на позната актерка порасна во вистинска убавица: Наследничката на Гвинет Палтроу е копија на актерката (фото)

Ќерката на позната актерка порасна во вистинска убавица: Наследничката на Гвинет Палтроу е копија на актерката (фото)

Гвинет Палтроу неодамна на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината ќерка Епл која наполни 17 години, а нејзините фанови се изненадени колку си личат една на друга.

Познатата холивудска актерка објави фотографија од нејзината наследничка додека ужива во егзотично летувалиште, а во описот напиша емотивна роденденска честитка.

„Дали е можно? Веќе имаш 17 години?Мое најслатко девојче…Ти си мојот живот? Секој ден ме смее толку многу што стомакот ме боли од смеење. Ти си феноменална и многу вредна. Би сакала на твоите години да имав барем малку самоприфаќање кое ти го имаш. Многу си инспиритивна и кул. Јасно се сеќавам кога ќе дојде на свет, не можам да поверувам дека имаш 17 години. Среќен роденден, ангелу мој“ напиша гордата мајка.

Гвинет ретко споделува фотографии од своите деца, но Епл колку е повозрасна толку почесто се појавува во јавност.  Секојдневни се коментарите дека премногу си личат.

„Епл редовно зема работи од мојот гардеробер. Но, и јас и земав дуксер пред две недели. Така, да тоа е фер. Таа ги сака моите мајци и обувки, посебно моите обувки“ изјави Гвинет.

Инаку, ќерката Епл и синот Мозеса, Гвинет ги доби од бракот со Крис Мартин. Парот кој беше во брак од 2003 до 2016 година и денес се во добри односи.

фото: Профимедиа/инстаграм

To top