Џина Џиновиќ (17) ќерката на пејачот Харис Џиновиќ постојано е активна на социјалните мрежи, па овој пат откри уште еден детаљ од нивниот дом.
Се работи за нејзиниот гардеробер во собата кој личи како од филмовите, а додека им го претставуваше на следбениците на Инстаграм ги запраша да ја прашаат се што ги интересира во врска со облеката.
Имено таа одговори дека најмногу сака да носи тренерки и хеланки, нешто во што е многу опуштена.
Следбениците ја праша и за момчето Андреја, па таа одговори дека се во врска една година и 10 месеци, како и тоа дека пред него немала момчиња.
Инаку пејачот луксузната вила ја градеше три години, а пред една се вселија во имотот вреден два милиони евра.
За потсетување, Џиновиќ неодамна изјави дека не ја следи својата ќерка на Инстаграм и не планира да ја гледа што објавува.
фото: инстаграм/ џина џиновиќ