Радио Милева да ја имаш или да ги имаш...?

Игор Џамбазов „прави разлика“ како може да се има само една жена, ама неговата разлика отвора нова дилема? (ФОТО)

Игор Џамбазов „прави разлика“ како може да се има само една жена, ама неговата разлика отвора нова дилема? (ФОТО)

Игор Џамбазов и Илина Арсова, во љубов како од бајките, од соништата, од приказните… Иако секоја љубовна идила не е токму „онаа вистинската“ и не завршува баш како во приказните: …„И така среќно си живееја до крајот на животот“…!  Впрочем и големиот, нему омилен Балашевиќ пееше: „Сите вистински љубови се тажни“… Секако, тоа воопшто не мора да значи и да биде така!

Бројни примери го покажуваат токму спротивното, па оттаму и дилемата кај многумина „казанови и донжуани“ кога ќе ја најдат „вистинската“, дали многуте пред неа биле само предигра, пред да се појави таа или и таа е една од многуте?

Игор Џамбазов очигледно ја нема таа дилема. Не дека сегашнава му е прва, туку дека веројатно за прв пат ја чувствува како „последна“… „Таа е таа“ и ниту една друга. Ни пред неа, ни скраја да е, по неа!

Од швалерска страна, можеби не спаѓал во „тарзани“ и не е бил кој знае колко добар швалер како Маленко, иако далеку од тоа „дека е бил зајче“, па за некои негови љубови се слушаше надалеку, од Скопје до Галичник и Јанче.

Но, од сите бивши од Скопје, преку Виница и Каменица до Дојран и Струмица, по се’ изгледа најмногу при срце му легна оваа сегашнава мома што се качува по карпи и ја освојува секоја планина, а се вика Илина!

Затоа и споделил еден пост на својот Инстаграм во кој прави разлика помеѓу „имање многу жени“  и „многу имање“, една жена!

„Страшно ме нервира кога некој ќе рече дека ИМАЛ многу жени. Јас под ИМАЊЕ подразбирам целосна предаденост, целосна конекција и нешто трајно, бесконечно. А така може да се ИМА само една жена“ – споделил Џамбазов на својот Инстаграм.

Оние, неискусните фраери и помладите  девојчиња веднаш ќе речат: „Леле, колку романтично… Браво“! Додека „старите мачори“ и „дамите со минат труд“ и во тоа романтично ќе најдат нешто симптоматично, па ќе се подзамислат, сомничаво анализирајќи го постот во дилема и недоумица:

Дали тоа шоуменот целосно искрено „се отвори“ или само сака на сегашнава, „отворено и јавно“, дополнително да и се додвори?

Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov

 

 

 

To top