Кралицата Елизабета не се чувствува добро, па недоброволно го прифатила советот на докторот да го откаже своето патување во Северна Ирска планирано за среда и четврток, соопштуваат од Бекингемската палата.
За 95 годишната кралица која претходната недела беше видена како користи стап, се наведува дека има волја, но е разочарана дека не може да патува, пренесува „Дејли Мејли“.
Кралицата изминатите денови имала неколку работни ангажмани и сношти била домаќин на глобалниот инвестициски самит во замокот во Виндзор.
„Кралицата недброволно го прифати советот на докторот да се одмори изминатите неколку денови“ пишува во соопштението на Бекингемската палата.
За потсетување, во текот на вчерашниот ден медиумите објавија дека кралицата Елизабета ја одбила наградата која британскиот магазин „Оldi“ ги доделува на повозрасните личности.
Таа оценила дека не ги исполнува условите.
„Нејзиното Височество смета дека ги имаме годините што ги чувствуваме и затоа, таа не мисли дека ги исполнува условите за да ја прифати (наградата)“, се истакнува во одговорот.
И покрај гласините дека ќе се пензионира по смртта на својот сопруг Филип во април, Елизабета Втора неодамна учествуваше во бројни јавни настани. А, минатата недела таа беше видена како оди со бастун, првпат по 2004 година.
фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia/acob King / AFP/