Радио Милева има зошто си оди...

Сите се чудат зошто Станија ја напушти „Задруга 5“, а никому не му падна на памет, која е всушност вистинската причина (ФОТО)

Сите се чудат зошто Станија ја напушти „Задруга 5“, а никому не му падна на памет, која е всушност вистинската причина (ФОТО)

Станија Добројевиќ, сега е веќе поранешна „задругарка“, откако вчера, 18-ти октомври 2021 г. го напушти најгледаното ријалити, откако лидерот на неделата го прочита писмото што пристигна од Големиот шеф.

„Почитувани членови на ‘Задруга’, време е Станија да ја напушти Белата куќа, со оглед на тоа што не е редовен учесник, туку специјален гостин“ – прочита Сенди.

„Задругарии, ми беше задоволство, ви посакувам се’ најдобро, можеби ќе се видиме пак“ – им рече Станија, а членовите на задругата дојдоа да се простат од неа.

И додека сите се чудеа зошто Станија ја напушта „Задруга 5“,  се појави вистинската причина за нејзиниот излез.

 

Имено, како што открива извор близок до старлетата, Станија морала да го напушти реалното шоу, бидејќи наскоро се очекува во него да влезе поранешниот криминалец и затвореник, Кристијан Голубовиќ.

 

„Станија веднаш знаеше дека ќе остане во ова ријалити само еден месец. Таа остана должна да помине извесно време во „Задруга“, бидејќи минатата година потпиша договор за четвртата сезона, во која никогаш не влезе. Сите веќе знаат дека сето тоа се случи, бидејќи Кристијан срамно и јавно и се закани дека ќе види што е пекол ако се појави“ – вели изворот.

„Сега кога Станија излезе, наскоро се очекува влез на  Голубовиќ и неговатаљубовница Кристина Спалевиќ. Се беше смислено и направено намерно, само за да не се сретнат Кристијан и Станија во петтата сезона. Ова беше разминување на ривалите“ – заклучува изворот.

Да потсетиме, самата Станија за време на реалното шоу призна дека нејзиното учество во петтата сезона ќе трае еден месец и дека потпишала договор за толку долг временски период. Останува да видиме дали ќе се врати во „Задруга 5“ подоцна?!

 

To top